Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата, која почнува од ноќеска на полноќ и ќе важи најмалку една седмица.
Според новата одлука, цената на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува половина денар, односно ќе се продава за 59,50 денари/литар, а цената на бензинот „евросупер БС-98“ не се менува, односно останува на исто ниво од 61,50 денари/литар.
Половина денар се зголемуваат цените на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кои ќе се продаваат за цена од 51,50 денар/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 27,481 ден./кг.
Од Регулаторна воедно информираат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.